Во 80 отсто од прехранбените производи за бебиња има арсен?!

Група американски научници анализирале 530 различни грицки, житарки и напитоци купени во последните пет месеци и утврдиле дека 65 отсто од анализираните производи содржат 65 отсто арсен, 58 отсто кадмиум, 36 отсто олови и 10 отсто акриламид.

0
679

Во голем број прехранбени производи за сосема мали деца пронајдени се опасни хемикалии, покажало истражувањето на непрофитната организација The Label Clean Project во кое се наведува дека станува збор за арсен, олово, кадмиум и акриламид.
Група американски научници анализирале 530 различни грицки, житарки и напитоци купени во последните пет месеци, пренесува Индепендент.
Тие утврдиле дека 65 отсто од анализираните производи содржат 65 отсто арсен, 58 отсто кадмиум, 36 отсто олови и 10 отсто акриламид.

Откриено е и дека 80 отсто од адаптираните млека за доенчиња содржат арсен, токсин кој Светската здравствена организација го поврзува со низа здравствени проблеми, како кардиоваскуларните болести, дијабетес и карцином. Големи количини арсен се откриени во проивзодите врз база на ориз.

Арсенот во оризот доаѓа за време на нејзиниот раст заради индустриските отрови и пестицидите во земјата.

Европската унија во јануари 2016.година пропишала највисока дозволена количина на арсен за да ја намали изложеноста на децата на тој тежок метал. Дозволено е до 0,1 милиграм арсен на килограм ориз.

Најголем проблем кога станува збор за арсенот во оризот е фактот дека бројни прехранбени производи за деца и доенчиња содржат оризово млеко како замена за кравјото млеко. А тоа е најчувствителната популација.

Податоците во стручната литература за присутноста на арсенот докажуваат дека оризовите вафли, оризовите обланди, оризовите крекери и оризовите колачиња можат да содржат големи количини аноргански арсен заради што можат значително да ја зголемат прехранбената изложеност на доенчињата и малите децатана тоа хемиско соединение.
Истражувањето покажало дека модерната храна за деца содржи 70 отсто повеќе актиламиди од пржените компирчиња, а таа хемикалија се поврзува со оштетувањата на мозокот и со репдодуктивните проблеми. Утврдиле и дека 60 отсто од производите со ознаката „BPA free“ биле позитивни на бисфенол А, индустриска хемикалија која се користи за изработка на пластика.

[better-ads type='banner' banner='999' ]