Мајката е прв учител на своето бебе, од моментот на зачнувањето почнува многу ваен дел од „школувањето“ кој често се занемарува.
Сите информации кои бебето ги добива уште во стомакот тоа ги користи за прилагодuвање на надворешниот свет кој го чека.
Бебето ги прислушува емоциите на мајката и тука е почетокот на емоионалната врска помешу мајката и бебето, многу пред раѓањето на бебето. Постелката исто така има улога на најмодерен комуникациски апарат.
Ако чувствувате тескоба срцето побрзо чука, адреналинот расте, а телото почнува со производство на кортизол, хормон на стрес кој доаѓа и до постелката. Токму тоа е причина поради која трудниците би требало да го избегнуваат стресот во текот на целата бременост.
Хроничен стрес во бременоста може да доведе и до здравствени проблеми како што се предвремено породување и висок крвен притисок.
Но, постојат последици од стресот и за детето, па бебињата кои во текот на бременоста биле изложени на постојан стрес плачат повеќе и многу послабо спијат.
Кога чувствувате среќа и бебето е среќно, кога чувствувате љубов и бебете го чувствува тоа, а целиот тој процес на менување на различни емоции кај бебето уште во стомакот почнува емоционалниот разввој.
Постои ли подобра причина за избегнување на стресот во бременоста? Намалете го со смеење бидејќи смеењето помага да се чувствувате подобро и што е најважжно – делува моментално!
Медитацијата, движењето и длабокото дишење се исто така одлични во борбата против стресот. Освен тоа, ако е заморот присутен во текот на денот, дремнете само 15-20 минути затоа што тоа малку сон е доволно да ја намалите количината на насобран стрес.