Во согласност со светскиот тренд кој ја слави различноста, американската уметница Кеј Кастомз направила уште еден чекор во едукацијата на децата: куклите добија витилиго, но се уште изгледаат прекрасно, токму како и вистинските луѓе со ова кожно заболување.
Оваа уметница ги направила куклите со витилиго за да им испрати порака на децата кои страдаат од ова кожно заболување дека се подеднакво убави и вредни како и сите други.
Секој сака да се чувствува репрезентативно и изгледа како многу уметници во денешно време да се впуштиле во мисија да ги натераат сите да се чувствуваат добро во својата кожа.
Кеј Блек, чие уметничко име е Кеј Кастомз, создала уникатни кукли кои се инспирирани од вистински луѓе. Нејзините најнови, прекрасни креации се неверојатни кукли со витилиго. Уметницата ја обојува кожата на нејзините кукли со сложени модели инспирирани од сликите на жени и девојки кои ја имаат оваа состојба на својата кожа.
„Јас го сакам она што го правам и се гордеам со секој свој дизајн!”, вели уметницата.