Родителите на децата што малтретираат други деца можат да завршат во затвор

Норт Тонаванда во државата Њујорк е единствен град во светот во кој родителите на овие деца ќе бидат казнувани ако нивното дете малтретира друго дете повеќе од два пати во период од 3 месеци

0
394

Ако вашето дете малтретира или се обидува да малтретира друго дете, повеќе од два пати во три месеци, неговите родители би можеле да бидат казнети, парично со 250 долари, до казна затвор од 15 дена.
Меѓутоа, овој закон засега важи само во еден град во светот – во Норт Тонаванда, во државата Њујорк. Новиот закон стапил на сила на 1 октомври и веднаш ја поделил јавноста.
Изгласан е набрзина откако четворица ученици од локалното средно училиште биле исфрлени поради насилничко однесување.
Градскиот совет се надева дека законот ќе го запре насилството присилувајќи ги родителите да преземат одговорност за однесувањето на своите деца, известува њујоршкиот Дејли Њус.
Родителите би можеле да бидат соочени со казнување и ако нивните деца ги кршат и другите училишни правила, исто така, во период од 90 дена.
Ова е прв град во САД во кои градските татковци преземале практични мерки за сузбивање на насилничкото однесување помеѓу децата, но останува да се види дали таа мерка ќе функционира онака како што е замислена.

Мислите ли дека е тоа добра мерка?

[better-ads type='banner' banner='999' ]