Еве што е поважно од килажата на вашето бебе

„Како е бебето, дали јаде како што треба, би требало да е поголемо, ситничко е, нели? Моето на таа возраст...“

0
3631

Како да знаете дали вашето бебе се развива добро а ве мачи стандардното прашање – дали е се во ред со моето бебе и со неговиот развој?

Ако сте родител на малку поситно бебе за кое минувачите и познаниниците често знаат да искоментираат нешто во овој стил:

„Како е бебето, јаде ли нешто, колку направи веќе, би требало да е поголемо, ситничко е, нели? Моето на таа возраст…“

Килажата и изгледот се она што прво го воочуваме кај бебињата и прва работа врз чија основа луѓето се обидуваат да одгатнат колку е старо бебето, а родителите пак, да извадат заклучок за неговото здравје. И иако знаеме дека сите не сме исти, ова често го забораваме кога станува збор за бебињата. Затоа се родителите често во паника. Иако своето бебе го сметаат за здраво, ваквите коментари не им даваат мир, па го дохрануваат, го мерат и прават се и сешто само за да порасне колку што треба.

Но како да се одреди колку е тоа „колку што треба“ кога никој не е ист?

Иако е просечната килажа на дете од една година е помеѓу 9 и 11 килограми, тоа не е мерило за сите.

Токму затоа престанете еднаш засекогаш да се обидувате да утврдите дали вашето или нечие бебе е здраво и право врз основа на големината и тежината, затоа што за здравјето знаците треба да ги барате на друго место.

На пример: дали вашето бебе има здрав сјај во окото? Ако има, тоа е среќно, задоволно. Силата на нивните мускули се знак за нивната здрава конституција, живоста и доброто расположение се знак на добро ментално здравје. Тоа се сигнали дека детето навистина добро се развива и тоа е многу поважно од нивната висина и тежина.

Впрочем, растењето исто доаѓа во фази, а самата килажа зависи и од конституцијата на родителите. Обично се вели дека децата на повисоки, послаби родители ќе бидат и самите послаби и можеби полесни од просекот, додека набиените деца на родители кои се пониски со раст можеби на почеток од својот живот ќе бидат нешто потешки од просекот.

[better-ads type='banner' banner='999' ]