Дали царскиот рез е секогаш оправдан?

Кејт Хадсон, деновиве крена вистинска бура на интернет со изјавата дека најмрзеливото нешто што го направиа во животот, бил царскиот рез

0
630

Актерката Кејт Хадсон која е на насловната страница на октомвриското издание на списанието Космополитен, во прашалникот за американското издание открила дека најмрзеливата работа која ја направила во животот е – царски рез!

Кејт има два сина, 13-одишниот Рајдер, кој е роден со царски рез, и 6-годишниот Бингам.

Со овој одговор таа крена вистинска бура на социјалните мрежи, претежно од жени кои пишуваат дека царскиот рез не е мрзеливост и дека се разочарани од познатата актерка.

Тие се надеваат дека е свесна за тоа колку погрешила и дека жали за оваа изјава.
Многу од нејзините критичарки ги раскажуваат своите приказни велејќи дека во нивните случаи царскиот рез бил прашање на живот.
Секако, има и такви кои ја бранат и велат дека секој има право да гледа на своите постапки како што сака.

Најпосле, и самата актерка се обидела да ја ублажи изјавата велејќи:

„Рајдер е роден две недели пред терминот. Чувствував контракции, но бебето беше преголемо, а јас не се отварав. Докторот ми рече дека можам да одам дома, но току беше тешко да дојдеме до болницата затоа што не следеа фотографи, а веќе беше полноќ и јас одлучив да не се враќаме дома и дека е најдобро да направиме царски рез. И тогаш ме успаа…“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]