Знаеме дека не е препорачливо трудниците да консумираат алкохол, цигари и одделни растителни чаеви, но постојат и намирници за кои никогаш не би рекле дека трудниците не смеат да ги јадат, а ние ви ги кажуваме сега и причините зошто е тоа така.
Сирови јајца, риба, месо
Ако сте бремени, заборавете на суши и на тартарски бифтек затоа што се тие апсолутно забранети за трудниците бидејќи можат да содржат облици на бактерии салмонела и токсоплазмоза. Додека сировото месо и рибата е многу едноставно да се избегнат, со јајцата е малку потешко затоа што главно не знаеме каде се наоѓаат. Избегнувајте мајонез, преливи за салата и колачи за кои не сте сигурни какви јајца содржат.
Алкохол
Главната грижа врзана за консумирањето на алкохол во бременоста е неправилен развој на плодот. Иако неколку истражувања покажае дека неколку чашки во текот на неделлата не можат да му наштетат на плодот, алкохолот и натаму строго им се забранува на трудниците.
Пијалоци кои содржат кофеин
Истражувањата кои го докажуваат влијанието на кофеинот на бременост се спроведуваат од ден во ден за да се докаже со сигурност неговото штетно влијание. Се уште не постојат цврсти докази кои го докажуваат влијанието на кофеинот врз родилната тежина на бебето.
Ако ни во бременоста не можете да се откажете од кафето, бирајте свежо мелено кафе со добар квалитет и од познати производители кои користат квалитетни зрна затоа што тие содржат високо ниво на антиоксиданси. Внимавајте да не внесете повеќе од 30 мг кофеин дневно преку чаеви, кафиња, чоколадо,…
Сувомеснати производи, кренвишли
Можеби сакате хот дог и ладен нарезок, но за време на бременоста би требало да ги избегнувате. Она што е загрижувачки кога станува збор за индустриски преработеното месо се нитратите, конзерванс кој го спречува развојот на бактерии и додадените бои кои се поврзани со настанување на рак на дебелото црево. Трудниците би требало уште повеќе да ги плаши бактеријата листерија која може да се најде во ваквите производи затоа што трудниците се 13-15 пати поподложни на нивната зараза.
Меки и буѓосани сирења
Не мора целосно да се откажете од сирењата, но заборавете на бри, горгонзола и останатите сирења од тој тип. Исто така, заборавете на непастеризираните млечни производи.
Причина за ова е повтоно листеријата која можеби не мора да биде проблематична за ените кои не се трудни, но ако чекате бебе, не ризикувајте. Понекогаш заразата со листерија не може да се утврди се додека бебето не се роди.