Дознајте кои работи не треба никогаш да им ги ускратувате на децата

Не им забранувајте да поставуваат прашања, да плачат, да бидат бучни, да кажат „не“, ... дозволете им да погрешат

0
751

Психолозите сметаат дека ограничувањата му овозможуваат на детето чувство на сигурност и заштитеност. Меѓутоа, одредени ограничувања можат да го сторат токму спротивното: да предизвикаат чувство на несигурност и да го забават развојот на детето.
Еве што никогаш не смеете да им ускратите на своите деца.

Поставување на прашања
Децата растат и учат за светот поставувајќи се повеќе и повеќе прашања. На родителите понекогаш може да им биде тешко да најдат одговори на сите прашања, особено кога се уморни. Но квалитетното време што ќе го поминете со своите деца помага во развојот и создава цврста врска помеѓу вас и детето.

Плачење
Децата чувствуваат многу повеќе од возрасните. Не им забранувајте да плачат или пак да се срамат од своите солзи. Помогнете им да сфатат зошто плачат и заедно најдете начин да се справат со тоа што ги мачи.

Дозволете му на детето да каже „не“
Ако му забранувате да каже „не“ ги кршите неговите граници. Наместо тоа, обидете се да најдете компромис или да му објасните дека понекогаш треба да прави и нешто што не сака.

Бучава
Не му ја расипувајте секоја забава. Нека пее и нека скока. Впрочем, ова е единствениот период од животот кога е слободно да се однесува како што сака.

Стравови
Малите деца можат да се плашат од лекар или од некој чуден роднина, и тоа е во ред. Не ги засрамувајте заради тоа што се плашат. Нека знаат дека сте тука и дека немаат од што да се плашат.

Тајни
Кога се децата поголеми, им треба повеќе приватност. Би требало да знаете што се случува во нивните животи, но внимавајте да не го загрозите нивното право на приватност. Вашата доверба им е непроценлива. Не го ризикувајте ова читајќи им го дневникот или истражувајќи го нивниот профил на социјалните мрежи.

Лутина и љубомора
Детето има право на негативни чувства. Запомнете дека нивната вокја се уште не е силна и дека тешко се контролираат. Не смеат да помислат дека е во ред да се изразуваат само позитивни чувства.

Право на грешки
Никој не сака грешки, а уште полошо е кога детето се плаши да згреши. Никогаш нема да се осмели да проба нешто ново ако се плаши дека ќе згреши.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]