Листата на земји во светот за кој е оценуван животот на вработените родители вклучува податоци за 37 земји од светот и е објавена на порталот Expert Market.
Нормално, Македонија не е на листата на значајните земји во кои се обработувани овие податоци, но интересно е што земјата за која кај нас постои сосема поинаква слика, е прогласена за најлоша во поглед на предметот на оценувањето, односно, во однос на животот на вработените родители. Станува збор за Ирска.
Истражувањето требало да покаже во која земја животот на родителите е најлесен, односно, најтежок, а за да го откријат тоа, стручњаците се фокусирале на 4 важни прашања: каква е рамнотежата помеѓу работата и семејниот живот, колку работат во просек луѓето во одделни земји, колку денови на платен годишен одмор имаат, како и колкаво е породилното отсуство за новопечените мајки во одделни земји, а колкав одмор смеат да земат татковците.
Врз основа на овие податоци направена е листа според која, во Европа, најдобро живеат вработените родители во Финска и во Естонија, а најлошо им е на родителите во Ирска и во Швајцарија.
Финска и Естонија се земји во кои постои најдобра рамнотежа помеѓу приватниот и деловниот живот, најмногу благодарение на одлично платеното породилно отсуство. Во двете земји мајките имаат право на 85 недели платено породилно отсуство.
Зад Финска и Естонија се нашле Австрија, Франција и Германија, а листата на најлоши открила само две земји во Европа – Ирска која е на осмо место во светот меѓу најлошите држави за животот на вработените родители и Швајцарија која е на десето место.
На врвот од оваа листа се нашле Канада, Костарика, Чиле, Мексико, Турција, Нов Зеланд, а за најлоши од најлошите се прогласени Соединетите Американски држави. И покрај тоа што е една од најразвиените земји во светот, животот на младите вработени родители во САД очигледно не е лесен.