Зошто француските деца немаат тантруми и изливи на бес?

Многумина забележале дека децата во Франција имаат добро однесување, паметни се и активни. Речиси никогаш не се непослушни и нерасположени,... зошто е тоа така?

0
2448

Повеќето од родителите се соочуваат со изливи на бес на своите деца, и во домот, но и во јавност и едноставно не знаат како да излезат на крај со нив. За разлика од ваквите деца, многу луѓе забележале дека децата во Франција имаат добро однесување, паметни се и активни. Тие се ретко непослушни и нерасположени, јадат тоа што ќе им се даде и пристојно ги поздравуваат соседите. Еве зошто е тоа така.

Првата година од животот

Младите мајки во Франција се враќаат на работа помалку од 10 недели по раѓањето. Ако останат дома подолго, тоа ќе ги чини многу. Според законот, мајката може да се грижи за детето повеќе од 10 недели и да има сигурно вработување, меѓутоа, во овој случај, таа треба да се откаже од платата во корист на социјалниот додаток. До крајот на породилното отсуство, детето е веќе во градинка и од рана возраст е опкружено со нови луѓе, што му помага да се прилагоди побрзо и да стане понезависен во животот.

Слобода

Француските родители им даваат на своите деца онолку слобода колку што децата можат да поднесат. Многу ретко може да се види родителите да се на игралиште или во парк со децата, не се мешаат во судирите помеѓу децата, им дозволуваат самите да ја решат ситуацијата. Добар совет за родителите е поставување на границата помеѓу недолжната игра и навистина лошото однесување. Само лошото однесување треба да биде казнето такашто детето ќе ја научи разликата.

Децата не ги чуваат бабите и дедовците

Бабите и дедовците им се поддршка на родителите во одгледувањето но не ги одгледуваат внуците. Семејните собири се обично за викенд или за време на празници. Почесто можете да видите повозрасни луѓе како пијат шолја кафе или чаша вино во ресторан отколку како се грижат за внуците.

Добри манири

Децата брзо се учат на важноста на добрите манири. Ги поздравуваат гостите и соседите, остануваат мирни кога се во редици и им го препуштаат своето место на повозрансите. Од најрана возраст ги научуваат четирите важни фрази: „благодарам“, „добар ден“, „нема на што“ и „довидување“.

Неделата е семеен ден

Недела е најдоброто време за одење на пикник или за возење на велосипед. Французите се многу свесни за важноста на семејните активности и се подготвуваат за нив однапред.

Спијат во свои кревети

Децата рано научуваат да спијат во сопствени кревети, дури и во посебни соби. Ако детето станува во текот на ноќта и почнува да плаче, мајката обично чека неколку секунди за да провери дали нејзиното присуство е навистина потребно. Ноќ по ноќ, и детето се навикнува да спие само.

Не постои детска храна

Храната е еден од најважните делови од францускиот живот, а паузата за ручек може да трае и два часа. На Французите им е многу важно барем еднаш во денот да имаат заеднички оброк. Децата и возрансите ја јадат истата храна затоа што во Франција нема детска храна. Родителите не ги тераат децата да го јадат она што не им се допаѓа, но инсистираат тие барем да ја пробаат храната.

Да читаат и да пишуваат се учат во училиште

Вообичаено е многу деца да не знаат да читаат кога ќе тргнат на училиште, а родителите не се вознемируваат поради тоа. Детството е прекрасен период кога децата се учат да сонуваат, да го истражуваат светот, да бидат пристојни и одговорни. А да читаат и да пишуваат ќе научат кога ќе тргнат во училиште.

Добиваат џепарлак

Кога се оди во продавница, децата се обично мирни и не прават проблеми ако родителите нешто не сакаат да им купат. Почнуваат да добиваат џепарлак на 7 години и дозволено им е да ги потрошат тие пари на она што го сакаат. Месечниот износ на џепарлакот обично е соодветен на возраста на детето.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]