Гумите за бањање кои бебињата ги носат околу вратот се се попопуларни помеѓу родителите, но стручњаците предупредуваат дека се многу опасни затоа што доколку се издуваат бебето може лесно да се удави.
„Вратните гуми за бебиња смртно ме плашат и се надевам дека на истиот начин размислуваат и родителите затоа што се тие потенцијални замки за смрт“, рекол Киран Квинлен, вонреден професор по педијатрија во Медицинскиот центар на Универзитетот Раш и поранешен претседател на Американската академија на педијатри.
Вратните гуми станале популарни затоа што многумина сметаат дека бебињата со нив изгледаат многу слатко, а родителите на социјалните мрежи постјано објавуваат фотографии од своите бебиња кои се бањаат со нив. Во повеќето случаи родителите не вллегуваат во вода со бебето туку се потпираат на безбедноста на гумите.
Главно се користат во базени или во текот на бањањето во када. Иако бањањето е добро за бебињата, стручњаците предупредуваат дека бањањето со гума не е пожелно.
„Опуштањето на предмети што пловат може да биде одлично за возрасните кои се под стрес и сакаат да се опуштат, но тоа не е она што бебињата го сакаат и она што ним им треба, ниту физички, ниту емоционално. Оваа активност во целост се коси со вистинската цел на детското бањање, а тоа е човечкиот контакт – поврзувањето со детето на начин што нашето присуство ќе му овозможи да ја истражи водата на безбеден начин и во опуштена атмосфера“, рекла Кејли Биргем од Здружението на учители по пливање. Американската академија на педијатри ги советува родителите да избегнуваат надуени предмети што пловат.
„Постојат потенцијални ризици поврзани со често користење на предметите за врат затоа што ги лишуваат од слободата на движење што пак може да има долгорочни последици“, рекол Франсоа Фридмен, основач на Здружението Birthlight.