7 видови детско однесување кое родителите не смеат да го игнорираат

Некои типови на однесување кај децата не смеете да ги толерирате, па колку и да ви е тешко – не попуштајте.

0
797

Воспитувањето на децата не е лесно, но многу работи во детството влијаат на тоа какво ќе биде детето кога ќе порасне. За нивно добро некои типови на однесување не смеете да им ги толерирате, па и ако ви е многу тешко – не попуштајте.

1. Ривалство помеѓу браќата и сестрите
Таквото однесување ќе го смирите такашто на своите деца ќе им дадете подеднакво внимание, па ако едниот добие нешто, секако мора и другиот. Објаснете им дека подеднакво ги сакате и казнете го оној кој упорно му подметнува на другиот. Научете ги да ги почитуваат туѓите работи и приватноста.

2. Склоност кон кражба
Не треба многу да се објаснува дека е тоа лоша навика затоа што децата тоа го знаат. Некои од нив со тоа само сакаат да го привлечат вниманието. Учете ги децата да ги делат своите работи со другите и да не бидат себични. Посветете им внимание, играјте си повеќе со нив, разговарајте искрено и без наметнување на своето мислење.

3. Безобразно однесување кон другите
Ова не смее да се толерира затоа што води кон подоцнежни проблеми во животот. Тоа особено се однесува на однесувањето кон родителите. Објаснете му на детето да не се однесува кон другите онака како што не сака другите да се однесуваат кон него. Детето кое не ги почитува родителите и другите околу себе не може да израсне во добар човек.

4. Лажење
Понекогаш децата лажат заради реакциите на родителите. На пример, ако нешто скрши, не го истурајте бесот на него затоа што тоа може секому да му се сллучи. Реагирајте мирно и разумно и детето нема да има потреба да лаже. Објаснете му дека лажењето не носи ништо добро во животот и дека вистината кога-тогаш излегува на виделина.

5. Нетрпеливост и викање
Ако детето сака, на пример, токму во тој момент да го прекинете разговорот со некого и да му се посветите нему, не го правете тоа – особено ако притоа вика и дивее. Мирно објаснете му дека сега разговарате и дека ќе си играте подоцна. Мора да се научи да биде трпеливо и да ги почитува другите.

6. Себично однесување
Ако нешто правите и имате работа преку глава, замолете ги децата да ви помогнат. Треба да научат дека не е добро да мислат само на себе туку и да им го олеснат животот на луѓето кои ги сакаат.

7. Се прават дека нешто не гледаат
Важно е од мали нозе да научат дека треба да реагираат во одредени ситуации, а не да се однесуваат како тоа да не се однесува на нив. На пример, ако во училиште видат дека некого малтретираат, треба да му го кажат тоа на наставникот. Или ако некое дете потекнува од поскромно семејство, не треба да му се потсмеваат, туку да му помогнат колку што можат.

[better-ads type='banner' banner='999' ]