Го нарекле Ta-ta-Towel и иако можеби на прв поглед предизвикува смеа, велат дека е практичен и удобен за оние кои дојат, за кои е всушност и измислен, но и за тие кои имаат големи гради и сакаат кога им е жешко да се разладат и да се ослободат.
Малку навлажнет, овој градник-пешкир ќе ве разлади и ќе ви помогне доколку ви се градите натечени. Кога треба да го подите детето, само го поткревате едениот крај, а кога почнувате да се потите, пешкирот ја впива потта и ги спречува грозните оштетувања на кожата под градите. Жените кои го имаат овој летен проблем веднаш ќе знаат за што станува збор.