Дали мислите деца децата треба сами да бираат со што ќе си играат или треба да им се наметнат играчките „наменети“ за нивниот пол?
Играњето не е само играње, туку и начин на кој децата учат за светот околу себе, развиваат одредени вештини и во повеќето случаи е едукативно. Играчките како лего коцките кај децата поттикнуваат размислување и барање на решенија, додека игрите кои подразбираат глумење и преправање, развиваат кај децата социјални вештини и ги учат како полесно да се снаоѓаат во друштво. Цртањето и изработувањето на разни предмети и облици пак позитивно влијаат на моториката.
На девојчињата и на момчињата им е потребно да се развијат на сите полиња и затоа би било добро да си играат со сите играчки со кои ќе посакаат. Големо влијание на тоа со што ќе си играат децата, имаат и самите произведувачи на играчки кои јасно ги поделиле играчките на оние за девојчиња и оние за момчиња, такашто играчките кои вклучуваат конструирање и технологија се главно во одделот за момчиња, а оние за уметност и играње на улоги, во одделот за девојчиња.
Освен тоа, проблемот е и во начинот на размислување на повеќето луѓе затоа што сме раснеле под влијание на стереотипите дека девојчињата треба да си играат со тенџерчиња, а момчињата со пушки и повеќето луѓе нема да купат нешто на одделот за девојчиња за својот син колку и да сметаат дека е тоа корисно и колку и детето да го посакува тоа.
Начинот на кој се играчките спакувани и означени има големо влијание врз купувачите. На одделите а машки, нема никогаш да најдете кујни, правосмукалки или садови, додека на одделите за девојчиња недостасуваат автомобилчиња, играчки кои поттикнуваат градење, бродови, гусари, полицајци.
На тој налин од најрано детство ги учиме децата кои работи се за девојчиња, а кои за момчиња, а потоа, кога ќе пораснат, ги учиме за рамноправност на половите. Нема многу смисол, нели?
Треба да знаете дека децата не се раѓаат со вкус и одредени склоности туку ги развиваат во текот на жиотот па затоа треба да им се даде поголем избор. Не би било лошо, нешто да се смени и во самата индустрија за играчки, па играчките да се делат по функционалност, а не по полови. Етикетирањето на играчките „за девојчиња“ и „за момчиња“ е целосно непотребно и на децата треба да им се дозволи да си играат со што ќе посакаат. Треба да им се дозволи на играчките да бидат само играчки.
Дали децата треба да си играат исклучиво со играчки наменети за нивниот пол?
Што мислите, треба ли машките деца да си играат исклучиво со автомобилчиња, пушки и топки, а девојчињата со кукли, ластик, пластични садови?