КОИ СЕ НАЈЧУДНИТЕ ТРУДНИЧКИ СТРАВОВИ

0
1131

Секоја жена што била бремена ќе ви каже дека анксиозноста и разните стравови се јавуваат многу пред самото породување.
За многу жени, пак, стравот е присутен од моментот кога ќе видат дека тестот на бременоста е позитивен.

Еве шест чудни фобии што ги обземаат трудниците:
1. Утринските мачнини оневозможуваат бебето да добие доволно храна. Опуштете се. Без оглед на тоа што јадете, колку и дали тоа ќе го исфрлите од себе, вашето бебе ќе ги исцица сите хранливи материи за да го добие она што му е потребно.
Добра работа е, навистина што нападите на мачнина најчесто завршуваат до второто тримесечје. Во принцип, обидете се да консумирате здрави оброци, да не бидете дехидрирани и да ги земате сите пренатални витамини, па и двајцата ќе бидете во ред.
2. Бебето знае кога имате секс. Сигурни сме дека носите иден гениj во вас, но верувајте,бебето нема поим што се случува надвор од матката. Се што бебето чувствува е благо лулање.
3. Ќе извршам голема нужда во текот на породувањето. Таа помисла може да биде застрашувачка, но тaaе само една од реалностите на вагиналното породување. Со сите тие напони и напори, понекогаш и тоа се случува и покрај сите подготовки кои што ќе ги поминете пред самото породување. Не фокусирајте се на тоа и не опседнувајте се со тоа. Лекарите виделе се и ретко се згрозуваат од нешто.
4. Нема да стасате до болница на време. Сите сме ги слушнале оние приказни за породување во такси – возило, авион или во кабина за пресвлекување во трговските центри! Во реалноста, повеќето жени имаат време да се истушираат, да ја исчешлаат косата, да ја спакуваат торбата и да ги повикаат своите најблиски.
5. Лежењето на стомак ќе го приклешти бебето. Има многу простор и засолниште во вас за вашето бебе. Прашање е само дали таа положба е удобна за вас, а бидејќи стомакот ви расте од ден на ден, таа, всушност, може да стане и потполно невозможна.
6. Водењакот ќе ви пукне на јавно место и ќе предизвика поплава. На некои жени кога ќе им пукне водењакот тоа изгледа како голем водопад, но за повеќето тоа е повеќе како слаб краткотраен млаз.
Но, не грижете се премногу дека тоа ќе предизвика поплава додека, на пример, чекате ред во продавница. На повеќето жени водењакот не им пукнува до почетокот на активното породување, а до тогаш веројатно веќе ќе бидете во болница.

[better-ads type='banner' banner='999' ]