ЗОШТО ТРУДНИЦИТЕ ТРЕБА ДА СПИЈАТ НА ЛЕВАТА СТРАНА?

0
1974

За подоцнежните фази на бременоста постои еден вообичаен совет: Заборавете како сте навикнале да спиете пред бременоста, и научете се да спиете на левата страна.
Меѓутоа, зошто тоа е така?
Препораката за спиење на левата страна има врска со начинот на кој функционира нашиот крвоток. Нашите органи и ткиво имаат потреба од кислород за да функционираат. Без кислород тие умираат, објаснуваат лекарите. Крвта која е ослабена со кислород се враќа во срцето од долниот дел на нашето тело низ големиот крвен сад – вената наречена Inferior Vena Cava (IVC) која се наоѓа во близина на рбетот. Но, кога бебето расте, матката се шири и може да ја притисне IVC вената, и на тој начин да ја намали количината на крв што тече низ неа.
Кога матката ќе ја притисне IVC  и ќе ги намали срцевите отчукувања, жената може да почувствува вртоглавица. Снабдувањето на крвта со кислород кај трудницата и бебето се намалува, објаснуваат лекарите. Тие додаваат дека срцето може да го испумпа она што доаѓа во него, па кога помалку крв доаѓа во срцето значи дека помалку крв и излегува од срцето, а пациентот се чувствува слабо.
Кога трудницата во подоцнежната бременост спие на левата страна, матката се наоѓа наспроти аортата, и ја притиска аортата, а не IVC. Аортата, која носи крв збогатена со кислород од срцето во другите органи, има подебели ѕидови отколку IVC и подобро може да го издржи притисокот на матката.
Медицинските истражувања не докажале дека спиењето на левата страна го намалува ризикот од мртвороденост на бебето, но општо познато е дека го зголемува протокот на крвта и хранливите материи до бебето кое расте, тврдат медицинските стручњаци.
Ако трудницата е „страничен спијач“, во почетокот, при обидот да остане на левата страна може да се чувствува чудно. Спиењето на десната страна е исто така нормално, бидејќи повеќето лица ја менуваат положбата на телото и неколку пати во текот на ноќта, а спиењето на грб е положба која потенцијално може да нанесе најмногу штета.
Како што укажуваат лекарите, покрај намалувањето на крвниот притисок и намалувањето на протокот на крвта за мајката и бебето, спиењето на грб во текот на бременоста може да предизвика болки во грбот, проблеми со дишењето и со системот за варење, како и појава на хемороиди.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]