Доењето подолго од 2 години, лошо за детските заби

Колку почесто мајката го дои своето дете кое е постаро од две години, толку се зголемува можноста од сериозно оштетување и расипување на првите детски запчиња – тврдат стручњаците.

0
687

Познато е дека доењето е најдобро за бебињата и освен здравствени придобивки тоа е добро и во однос на создавањето на посебна врска помеѓу мајката и детето. Но новите студии ја откриле поврзаноста помеѓу подолгото доење и расипувањето на детските заби. Имено, според тие истражувања, загрозени се забите на децата кои цицаат и после втората година од животот.

Колку почесто мајката го дои своето дете кое е постаро од две години, толку се зголемува можноста од сериозно оштетување и расипување на првите детски запчиња – тврдат стручњаците.

Постојат два начини на кои продолженото доење лошо влијае врз детските заби, додаваат стручњаците. Првиот е мајчиното млеко кое само по себе има способност, иако мала, но сепак присутна, да влијае врз расипувањето на забите. Јагленохидратите и шеќерите кои тоа ги содржи не влијаат долготрајно добро на усната празнина на детето.

Вториот начин е физички, а тука не се загрозени само доените деца, туку и оние кои биле подолго време хранети со шише. Имено, според Американскиот државен центар за спречување на хронични болести, во САД минатата година околу 16 отсто од бебињата до 6 месеци биле исклучиво доени. Откриено е дека 40 отсто од децата ко се доени од 6 па до 24 месеци старост имаат проблем со расипување на забите. Процентот се зголемил кога биле земени превдид и децата кои се доени после втората година од животот, па кај 48 отсто од нив се најдени проблеми со забите.

Стручњаците тврдат дека проблемот настанува затоа што при цицањето од дојката на мајката или од шише, забите се стиснати и тоа ѝ попречува на пунката да дојде до нив. Плунката е пак многу потребна затоа што ги испира бактериите во устата. Затоа стручњаците им советуваат на мајките да не го оставаат детето да спие на нивната дојка цела ноќ и секако, да се згрижат за здравјето на детските заби од најраните денови. Ако мајките инсистираат на доење и после втората година од животот, педијатрите советуваат редовно одење на забар и прегледи на запчињата.

[better-ads type='banner' banner='999' ]