Училиштата во Тексас воведуваат ќотек за непослушните деца?

Овој метод на дисциплинирање би се применувал според јасни правила и само со согласност со родителите.

0
156

Три училишта во американската држава Тексас се согласиле да го воведат ќотекот како вид на казнување на непослушните деца, но таа мерка ќе може да се применува само врз децата чии родители ја дале својата согласност, објави британски „Индипендент“.

Станува збор за училишта во градот Tri Rivers кои ги посетуваат деца од 4 до 18 години.

Јасни правила

За казнување се пропишани јасни правила – учителите и наставниците ќе можат да користат дрвена палка за да ги казнат непослушните ученици.

Секој ученик ќе добие по еден удар за секоја „ѓаволлштина“, како на пример, за кршење на правилата на однесување во училницата или за неслушање на учителот.

Сепак, нема да можат сите наставници да ја користат дрвената палка – право на тоа ќе имаат само воспитувачите и директорот.

Ендру Амаро, координатор за воспитување во камповите на оснивните училишта во регионот и предлагач на оваа ново/стара мерка, верува ека на овој начин поефикасно ќе се воспитуваат децата на возраст од 4 до 12 години.

Амаро вели дека тој бил казнуван на тој начин како ученик и дека тоа кај него имало ефект.

[better-ads type='banner' banner='999' ]