Тамара Еклстон признала дека ужасно се плаши за својата ќерка  

„Од раѓањето на мојата тригодишна ќерка, сме биле одвоени точно шест минути“, изјавила неодамна Тамара која вели дека страда од сепарациска анксиозност

0
855

Богатата наследничка Тамара Еклстон,  ќерка на Берни Еклстон, сопственикот на Формула 1, вели дека од раѓањето на својата веќе тригодишна ќеркичка Софија, досега, биле одвоени само шест минути. Таа изјавила дека најмногу се плаши од одвојувањето и дека страда од сепарациска анксиозност и затоа ниту за момент не се одвојува од својата ќерка која ја добила во бракот со бизнисменот Џеј Рутланд.

На медиумите им е веќе подолго време позната нејзината цврста врска со малата Софија затоа што многупати досега отворено зборувала дека спие со неа и дека, иако има веќе три години, се уште ја дои.

Ќе ја дојам се додека таа сака. Не ми е грижа што велат другите. Јас знам дека го правам она што е најдобро за мене и за неа и знам дека градите ќе ми изгледаат грозно, ама не ми е гајле ниту за тоа“, изјавувала таа често.

Сега сепак признала дека мајчинството многу ја сменило и дека понекогаш се чувствува ужасно поради своите стравови кои ѝ се вртат низ главата кога станува збор за нејзината сакана Софија која нагалено ја вика Фифи.

„Откако ја родив страдам поради стравот дека нешто би можело да ѝ се случи. Дури и кога сум со неа, постојано се плашам од најлошото, а тие симптоми дополнително ми се засилија кога во јануари оваа година се обидовме да ја оставиме во градинка. Јас едноставно не можев да се помирам со тоа. Ја оставивме таму, отрчав во автомбилот и таму плачев и ме фаќаше паника, го држев мобилниот во раце и гледав во него втренчено во очекување да ми се јават од градинката. Чекав да ми јават дека ѝ требам на мојата Софи. Џеј ми велеше дека сум луда, но јас едноставно не можев да го поднесам фактот дека сум далеку од неа и дека не знам дали некој ќе ја крене ако падне, дали некој ќе може да ја утеши“, раскажалла таа во интервју за списанието Happiful и додала дека за секој поголем чекор во животот на нејзината галеничка, самата Софија одлучика кога ќе се случи тоа. Така и од пелени ја одвикнала дури кога малечката била 100 отсто подготвена за тоа, а иако сега Софи има веќе 3 години и 4 месеци, се уште не е подготвена да се откаже од цицањето.

„Кога станува збор за мајчинството  изгледа дека се сите во состојба да критикуваат, иако сите добро знаат дека родителите се тие кои најдобро знаат како да го воспитаат своето дете“, рекла таа откако добилла голем брј критики заради продолженото доење, но и постојаното нагласување дека баш никогаш не се одвојува од својата Фифи.

Сега конечно признала дека се однесува така затоа што многу се плаши дека никој друг нема да биде доволно добар и грижлив кон нејзината галеничка. И затоа страда, а знае и дека не е единствена и дека многу мајки ги чувствуваат истите стравови и се грижат заради своите деца до току што тоа буквално се граничи со дијагнозата на сепарациска тегоба, позната и како страв од одвојување, од кој страдаат многу деца и родители. Иако ова најчесто се смета за карактеристично за децата при нивното поаѓање во градинка, Тамара со својот случај докажала дека таква грижа и стравови имаат и родителите.

[better-ads type='banner' banner='999' ]