Ваквото седење е типично за деца на помала возраст додека си играат и е добро кога се гледа од перспектива на флексибилност, но долгорочно повторување на седењето во оваа позиција, може да остави потешки ортопедски компликации ако се случува во текот на годините кога е детето најмногу ви развој.
Педијатриската американска служба објаснила како во други седечки позиции, децата подобро развиваат контрола над своето тело и над ротацијата на телото – две вештини кои се потребни за натамошен равзој на моторичките способности и доминацијата на рацете. Во W позиција на седење, децата имаат поголема потпора на телото и таа позиција им оневозможува играње лево или десно, туку само пред себе заради што изостанува и развојот и контролата над ротацијата на телото па детето не научува да ја контролира тежината.
Долгорочни ортопедски компликации
- Ограничено движење на колковите
W седењето создава голем притисок на колковите и на колената оа тие со време се навикнуваат на тој притисок. Долгорочното седење во оваа позиција ќе го ограничи движењето на колковите и детето со време ќе има повеќе проблеми да седи со нозете пред себе.
- Затегнатост на мускулите
Затегнатоста најчесто може да се почувствува од едната страна на колковите, а детето ќе има проблеми во одржување на рамнотежата користејќи само една нога.
- Дислокација на колковите
Зачестеното седење во оваа позиција може да резултира со дислокација на колковите
Како да го одвикнете детето но и себеси од седење во W позиција?
Ова не е лесно, баш затоа што детето чувствува одредена сигурност и стабилност во оваа положба. Секојдневно треба да го потсетувате да седне во друга положба, нозете да бидат пред него раширени или не, или да клечат. Исто така може да седи и како на втората фотографијата. Иако ова одвикнување може да потрае, бидете трпеливи и истовремено научете го да седи со исправен грб.