Треба ли да се објавуваат фотографии од децата на интернет?

Мобилните со камери и достапноста на интернетот често не поттикнуваат на непромислени постапки, како што е на пример споделување на фотографии од нашите деца на социјалните мрежи.

0
587

Огромен број родители ги објавуваат фотографиите на своите деца на социјалните мрежи како нешто најнормално, без воопшто да помислат какви се опасности можат да произлезат оттаму. Ниту пак некои од нив помислуваат дека на тој начин им дозволуваат на многумина да го прегледуваат нивниот семеен албум несвесни за последиците кои тоа може да го има врз нас и без да помсилат дека на тој начин ја нарушуваат сигурноста и приватноста на нивните деца.

Затоа, пред да објавите одредена фотографија на своите профили, разгледајте ја внимателно и размислете за неколку клучни работи:

Дали сакам некој да знае се за моето дете?

Проверете дали е одредена фотографија сигурна за вашето дете. Фотографии на кои во заднината се откриваат некои податоци врзани за детето (на пример, куќниот број, училиштето во кое оди, клубот во кој тренира, игралиштето на кое често си игра и слично) можат да бидат извор на податоци кои можат да се искористат и да му наштетат на вашето дете.

Дали моето дете ќе биде задоволно кога ќе порасне затоа што била објавена таа фотографија?

Размислете дали одредена фотографија ја почитува приватноста на детето. Сетете се на вашите фотографии од детството, ви се случило ли некогаш да се засрамите додека вашите родители им ја покажувале на вашите пријатели или на роднините? Но сепак сте имале можност потоа да ја скинете и „штетата“ да се ограничи на тие неколкумина кои во моментот биле таму за да ја видат. Не објавувајте фотографии од вашите голи деца, размислете токму за тоа како вашето дете ќе реагира на ова кога ќе порасне со оглед на тоа што она што денеска еднаш ќе се објави на интернет, останува достапно засекогаш.

Има ли на фотографијата и други деца?

Непишано правило е да не се објавуваат фотографии на туѓи деца без дозвола од нивните родители, такашто водете сметка за ова кога објавувате фотографии од родендени, игротеки, излети, од плажа…

Заради сето ова, сите училишта, градинки, клубови, институции би требало од вас да побараат дозвола за објавување на фотографии на кои се наоѓа вашето дете. Вие пак, доколку немате ништо против би требало да дадете писмена согласност за објавување на слики од приредби, излети, натпревари и други настани. Се останато е недозволиво.

Не го сфаќајте со леснотија објавувањето на фоотграфии на фејсбук, твитер, инстаграм…Еднаш објавени, фотографиите им се достапни на сите и можат да прават со нив се што ќе посакаат.

[better-ads type='banner' banner='999' ]