Една мајка на својот фејсбук профил им одржала одлична лекција на сите родители кои мислат дека е во ред да им ги дупнат на своите деца ушите пред да се самите во состојба да донесат одлука за тоа. Еве што напишала:
Му ставив на моето бебе пирсинг. На образ!!! Преслатко му стои нели? Знам дека ќе го обожава кога ќе порасне! Ќе ми биде благодарно кога ќе биде постаро, а ако одлучи дека сепак не му се допаѓа, нека го извади, ништо страшно!
Јас сум му родител, а секој родител знае што е најдобро за неговото дете и има право да одлучува! Ќе ги носам сите одлуки наместо неа додека не наполни 18! Јас ја родив и моја е! И не ми треба ничие одобрување за тоа што го направив – јас мислам дека е баш слатка со пирсинг на образот! Тоа не е злоупотреба! Да беше така, ќе беше нелегално, но не е … Родителите им дупат делови од телото на децата и не гледам зошто ова би било поинаку.
Мое дете, мој избор! Родителите бираат, тоа е нивно право! Не ме осудувајте затоа што сите имаме поинакви ставови и сите имаат право да ги одгледуваат децата онака како што мислат дека е најдобро. Впрочем, тоа секако не е ваша работа!“
П. С. Фотографијата е фотомонтажа, а мајката е саркастична. Само сакаше да покаже дека дупењето на било кој дел од телото на детето без медицинска причина е чин на кој никој нема право, па дури ни родителот!
Една мајка им одржала лекција на родителите кои им ги дупат ушите на децата
Му ставив моето бебе пирсинг на образот и преслатко му стои!