Нашите мајки немале ни ехо, а ние имаме и мали апарати кои ги мерат отчукувањата на срцето на бебето во стомакот. Мајките кои го набавиле уживаат во бременоста и многу често, особено ако подолг период не ги чувствуваат движењата на бебето, го вклучуваат за да го слушнат тој преубав заглушувачки звук – срцето на бебето.
Но на самото споменување на тие апарати на една докторка во Велика Британија ѝ се крева притисокот. Имено, неа тоа толку ја изнервирало што во име на фондацијата Kicks Count, на чие чело се наоѓа, организирала петиција за забрана на продажбата на такви апарати во цела Британија. Зошто? Затоа што е тоа медицински апарат, а не предмет кој се користи за забава.
„Акушерките и докторите тренаираат долга низа години за да знаат да го протолкуваат она што го слушаат преку CTG, а жените тоа не го знаат и затоа со ваквите апарати можат прилично да си наштетат себеси“, изјавила Елизабет Хатон.
„Тоа е како кога на човек кој тукушто настрадал во сообраќајна незгода би му го послушале срцето. Би слушнале дека се уште чука па би го оставиле затоа што е веројатно во ред“, вели Елизабет Хатон и предупредува: апаратите можат да ви влијат мала сигурност, особено ако знаете да слушнете и некои други работи. И не си наштетувате само поради тоа. Се слулува некое време апаратот да не покажува ништо, а кога ќе се слуи тоа дома, кадешто нема сестра која ќе ја смири ситуацијата, шокот и стресот кои мајките притоа го доживуваат влијае на порастот на нивниот крвен притисок кој е прилично опасен и мое да предизвика прерано породување.
Што ако на бебето му застанало срцето, а вие се тешите затоа што сепак счушате некакви отчукувања. Можеби се вашите? Или пак слушате отчукување од пумпањето на крвта низ постелката што исто така може лажно да се препознае како слаб звук на срцево отчукување. Според нејзините зборови има многу случаи кога мајките уверени дека го слушаат срцето на бебето, на крајот дошле предоцна. Или ги слушате отчуувањата на срцето па мислите дека вашето бебе само многу долго спие па затоа нема други двиења. Но отчукувањата на срцето не се единствен знак дека е со бебето се во ред. Затоа е подобро да се потпрете на стручното уво на медицинскиот персонал и да им верувате на своите инстинкти. Слушајте го своето тело и своето бебе – така ги преживувале бременостите сите генерации пред вас.