Дали некогаш сте виделе нешто вакво – бебенце родено во облик на С наопаку, со целосно искривен рбет, во положба поради која дури ни лекарите не биле сигурни дека некогаш ќе доживее една година?
Но малечкиот Роси од Едмонтон на сите им покажал што е вистински борец и денеска живее и се бори со весела детска насмевка. Се разбира, првата година од неговиот живот не била воопшто слична на онаа на другите бебиња, но она што е најважно е дека е денеска здраво и среќно детенце. Уште додека била бремена, на неговата мајка ѝ било кажано дека има многу мали шанси бебето да преживее. Имено, бебето било свиткано во фетус поза, но не како што треба, туку наопаку, со целосно искривен рбет.
Мајката Корина била очајна, но сепак цело време се надевала на најдоброто, само бебето да преживее. А тоа не можело да излезе поголем борец.
Од раѓањето, малечкиот бил во критична состојба само во еден момент, кога мораче да го оживуваат, но сега, наспроти бројните третмани и дијагнозата што ја има, а таа не е бенигна, малечкиот гази низ животот со огромна насмевка на лицето и прави се што рекле дека нема да може да прави.
„Нашиот Роси е навистина невиден борец. Има грозна сколиоза и дијагноза Arthrogryposis Multiplex Congenita (повеќекратни вродени контрактури), што е ретко невромускулно пореметување кое ги зафатило сите негови органи, вклучувајќи ги и неговото срце и белите дробови. Заради сето тоа никој не очекуваше дека денеска ќе може да го прави сето ова што го прави“, рекла неговата мајка.
Иако неговата дијагноза оставила трага на него, особено на неговите раце затоа што мускулите му се буквално нефункционални, малечкото се снаоѓа одлично и се што прави, прави на свој начин. Ако не мопже со рацете, тој веќе сега се навикнал да го користи нозете. Во секој случај, не се предава и притоа, не престанува да се смее и на своите родители да им приредува секојдневни изненадувања.
https://www.youtube.com/watch?v=dFJbaZCfg5Y