Кога е детето доволно возрасно само да преминува улица?

Според стручњаците, децата се сосема способни сами да ја преминат улицата дури со 14 години!

0
353

Можеби вашиот четиригодишник веќе знае сам да поминува на семафор кога е зелено светло, а првачето знае само да оди и да се враќа од училиште, но сепак сметате дека денеска сообраќајот е многу поопасен од некогаш и дека децата до 3 или 4 одделение на основно училиште се уште не се подготвени сами да ја преминат улицата што ги дели од училиштето.

Токму ова второто е став и на стручњаците кој настанал по долгогодишни истражувања. Тие истражувања го покажале следниот факт: Децата се сосема способни сами да ја преминат улицата дури со 14 години.

Можеби ви звучи бизарно, но тоа е оправдано поради спознанието дека децата се до 14.година ги развиваат своите визуелни и моторички вештини. Имено, тие им се потребни како би можеле без поголема опасност сами да го совладаат преминувањето на поголемите булевари.

Со оглед на тоа што децата со 14 години веќе излегуваат, па дури и користат некои превозни средства како трамвај, автобус или воз, тешко е да се очекува дека некој родител ќе го уважи ова мислење.

Но, затоа мајките преку социјалните мрежи сепак се изјасниле која возраст ја сметаат за прикладна за преминување на булеварите.

– Мојата седумгодишна ќерка се уште не оди сама преку поголемите булевари. Јас на тие години одев сама, но прометот не беше ист како пред 23 години. Ќе почекам уште некое време пред да ја пуштам – се изјаснува една мајка.

– Мислам дека 10 години е реална возраст кога ќе му дозволам на детето самостојно да ја минува улицата – коментира друга мајка.

– Денеска децата не се зрели и одговорни како нелкогаш затоа што родителите прават многу работи место нив. Би го пуштила детето само без оглед на возраста кога ќе забележам дека е доволно зрело– истакнала трета мајка.

– Како се вози денеска, ќе го пуштам своето дете само преку улица кога ќе наполни 25 – се пошегувала една од анкетираните.

[better-ads type='banner' banner='999' ]