Ако планирате да одите со децата на места кадешто се очекуваат големи гужви или веќе сте имале некое панично искуство кога децата на секунда ви се пуштиле од рака и исчезнале на момент од вашето видно поле, ова е совет кој задолжително мора да го прочитате. Би можел да ве спаси во случај детето навистина да ви се изгуби, а веруваме дека со овој мал трик можеби ќе можете да бидете малку поопуштени за време на семејната прошетка. Тој мал трик го објавила калифорниската полиција и го шерувала на социјалните мрежи кадешто добил позитивни оценки од многу родители.
Во постот се советува на внатрешната страна од раката на детето да го запишете неговото име, името на родителите и бројот на телефонот, а за да бидете сигурни дека ова нема да се избрише до крајот на денот, на пазарот постојат течни фластери (Hansaplast, Avon…) со кои можете да ги премачкате овие букви за да не се избришат. Течните фластери како и фластерите во спреј немаат негативни дејства врз кожата и ја штитат од надворешните влијанија, проѕирни се и не се забележуваат, а и потешко се вадат од обичните.
Но тоа не е се. Полицијата ги советува родителите пред да влезат во гужвата да ги фотографираат своите деца точно онака како што изгледаат во тој момент, за во случај ако се изгубат да имаат нивна актуелна фотографија.