СЗО предупредува: Дебелината на децата во Европа е во пораст

Според извештајот на Светската здравствена организација, дебелината на децата во Европа е во сѐ поголем пораст, наспроти напорите ова да се запре

0
173

Како што покажуваат истражувањата, еден од тројца адолесценти во Eвропа и натаму се сметаат за дебели, а стапките се најголеми во јужноевропските и медитеранските земји. Она што е од посебно значење е тоа што епидемијата на дебелина е во пораст и во земјите од источна Европа, кадешто, историски, стапката на дебелина кај децата била пониска.

Она што дополнително вонземирува е податокот дека повеќето адолесценти за кои се смета дека се дебели нема да успеат да се изборат со тоа ни како возрасни; отприлика четири од пет адолесценти ќе продолжат да имаат проблем со тежината и во подоцнежните години.

Децата и тинејџерите ширум Европа јадат и пијат премногу шеќер, додека многу малку од нив јадат овошје и зеленчук. Покрај тоа, премногу време поминуваат седејќи пред ТВ или компјутер, што дополнително ја влошува состојбата.

Дебелината на децата претставува сериозен глобален здравствен проблем и се смета за еден од посериозните здравствени предизвици на 21 век. Дебелите деца се под поголем ризик од добивање на дијабетес тип 2, астма, проблеми со спиењето, мускулно-скелетни проблеми и идни кардиоваскуларни болести; а реално е зголемен ризикот од отсуствување од училиште, психолошки проблеми и друштвена изолација.

Извештајот исто така истакнува дека постојат упорни нееднаквости кај младите, поточно, помладите адолесценти, момчињата и оние кои живеат во сиромашни семејства имаат поголеми предиспозиции да бидат дебели.

[better-ads type='banner' banner='999' ]