Во спортскиот центар „Мондано“, во организација на Ротаракт Клуб Скопје утре (27.05.) се организира Спортски семеен ден на кој сите ротаријанци, ротарактовци и пријатели со своите семејства ќе можат да се дружат и да спортуваат заедно со децата со Даунов синдром, а ќе имаат можност да уживаат и во добра музика, скара и пиво.
Во рамки на настанот ќе се одржат:
- Натпревари во фудбал: 8 екипи, 4 четврт финални натпревари, 2 полу финални натпревари и финален натпревар. Во секој тим по 6 играчи. Четврт финалните натпревари се играат 2х15 минути, додека полуфиналето и финалето ќе се играат 2х20 минути.
- Натпревари во кошарка: 8 екипи, 4 четврт финални натпревари, 2 полу финални натпревари и финален натпревар. Во секој тим по 3 играчи. Секој натпревар се игра до 21 даден кош.
- Натпревари во одбојка за мажи: 2 или 4 екипи по 3 натпреварувачи.
- Натпревари во одбојка за жени: 2 или 4 екипи по 3 натпреварувачи.
- Натпревари во пинг-понг: 16 учесници, 4 групи по 4 играчи. Најпрво се играат по 3 натпревари. Играчите што ќе завршат први во групата играат против играчите што ќе завршат втори во другата група. Потоа следуваат полуфинални натпревари, па финале. Сите натпревари се играат во 2 добиени сета по 16 поени.
На настанот е предвидено да присуствуваат повеќе од 200 посетители.
За сите посетители влезницата е 200 денари. За тие кои активно ќе учествуваат во еден од спортовите влезот ќе чини 500 денари. За таа сума сите посетители и учесници ќе добијат пиво, скара и други подароци.
Целта на овој настан е да се соберат средства со кои ќе се уплати едногодишна партиципација во спортскиот центар „Мондано“ за децата со Даунов синдром.