Кариера или бебе?

Понекогаш е тешко да се одлучи што е она вистинското за нас.

0
234

Без оглед на степенот на образование, во денешното општество во кое постојано се зборува за демократија, права и еднаквост, жените сепак тешко доаѓаат на „подобри“ позиции. Тоа особено се однесува на оние раководните, што значи и подобро платени, ако, според непишаното, но усвоено правило, не се подготвени да се откажат од најавтентичниот дел од себе – правото и потребата да бидат мајки!

Решението на проблемот кое се наметнало е едноставно и логично, но никако и најдобро. Носејќи бројни ризици, првенствено медицински, внимателно испланираната репродукција и одложувањето на раѓањето е еден од механизмите жената да управува со својот живот и да си  обезбеди себеси и на идното семејство достоен живот.

Земајќи го предвид фактот дека некои жени не сакаат мајчинство, за оние кои сакаат и планираат да имаат деца секако се препорачува, ако е можно, со раѓање да се почне помеѓу 20. и 30. година од животот.

Нашето мислење е дека жените сепак не би смееле да се лишат себеси од најголемиот благодет, најсилниот мотиватор и најголемиот предизвик каков што е создавањето на нов живот. Затоа што децата дефинитивно се највредни од се, а нив, ете, може да ги подари само и единствено жената.

[better-ads type='banner' banner='999' ]