Дали децата треба да си играат со оган?

Германскиот уметник Каин Караван ги учи децата во градинките да запалат оган на вистинскиот начин, им дозволува да си играат со оган под надзор на возрасните, а да немаат потреба да го прават тоа тајно.

0
258

Децата што палат оган често за тоа не им кажуваат на родителите од страв дека ќе бидат казнети. Уште полошо, неретко се кријат откако ќе запалат оган и како последица од тоа се случува да настрадаат и да се загушат од чадот. Затоа треба да се учат да запалат оган на вистинскиот начин – чкорчето да го држат како што треба, исто како и запалката, да палат свеќи и логорски оган. Во една берлинска градинка, момченце пали чкорче и го приближува кон друго дрвце кое наеднаш пламнува. Девојчето пред него извикува: „Кул!“

Овие две деца со неполни шест години, не кршат никакви правила. Тие учествуваат во работилницата што ја осмислил Каин Караван, уметник  кој некогаш, во рамките на перформанс за слободата во 1987 година, направил пожар пред Берлинскиот ѕид. Никој не е повреден.

Караван сега ги подучува децата како безбедно да запалат оган. Неговата работилница има цел да ги спречи трагедиите кои децата ги предизвикуваат од страв дека ќе бидат казнети. Уште полошо, неретко се кријат откако ќе запалат оган па се случува да настрадаат такашто ќе се загушат од чадот. Затоа Караван ги учи децата да запалат оган на вистинскиот начин, им дозволува да си играат со оган под надзор на возрасните, а да немаат потреба да го прават тоа тајно.

Караван со својот метод подучил речиси 2.000 едукатори во Германија и ја задобил поддршката од пожарникарите, осигурителниуте компании и други безбедносни организации во таа земја. Ниту едно официјално истражување не се занимавало со пристапот на Караван. Сепак, тој ги држи овие работилници подолго од деценија, без ниту еден случај некое дете на овие обуки да запалило било што што не би требало.

Караван им ги држи овие еднонеделни работилници на пет и на шестгодишни деца во градинките и во претшколските установи. Овие пак во својство на „стручњаци за оган“ дури и ги подучувале на истото тригодишниците.

„Тоа е сериозна грешка“, вели Пол Шварцман, американски советник за ментално здравје кој работел со здруженијата за заштита од оган дваесет години. Децата на возраст од три или четири години не се развојно способни да излезат на крај со таква одговорност“, додава тој. „Не поседуваат интелектуална способност да разберат што ќе се случи и колку брзо можат работите да избегаат од контрола“.

Во Германија, промените во сфаќањето на безнедноста од оган делумно им се припишува на Гинтер и Грита Јулг, брачна двојка од Хамбург. Тој работел како шеф на пожарникарите, а таа била учителка. Во 80-тите тие ги искомбинирале своите експертизи за да развијат едукативен програм за децата од училиштата возраст кој би ги отстранил забраните во врска со огнот. Многу пожарникарски одделенија во Германија сега гои прифаќаат нивните идеи. Фридер Киршер, заменик шеф во берлинската пожарникарска единица вели: „Се што им се забранува на малите деца, ним им станува интересно, и колку повеќе им забранувате, толку им е поинтересно“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]