Истражувачите на Универзитетот Bournemouth и на Универзитетот Квинс во Белфаст откриле дека терапијата со музика помага во борбата против депресијата и ги намалува емотивните проблеми кај децата и адолесцентите.
Група психолози и вработени наставници утврдиле дека состојбата на децата и адолесцентите била значително подобрена, тие биле подготвени да комуницираат со своите врсници, подобрена е комуникацијата и нивните когнитивни способности и сето тоа доколку имале терапија со музика. Истражувањето било спроведено во текот на три години, од 2011. до 2014. Година, а во истражувањето биле вклучени 250 испитаници на возраст од 8 до 16 години. Тие биле поделени во две групи: 127 добиле конвенционална терапија, а 123-терапија со музика.
Да се потсетиме дека музичката терапија е официјално признат метод на психотерапија која делува со слушање на музика, свирење на музички инструменти и пеење.
Музикотерапија се користи често, а горе споменатата студија ја докажува нејзината ефикасност. Научниците составиле и листа на песни кои докторите би можеле да ги препишуваат како терапија против депресија:
Sexual Healing, Марвин Геј
Comfortably Numb, Пинк Флојд
Last Night a DJ Saved My Life, Индип
Cold Turkey, Џон Ленон
Healing Hands, Елтон Џон
More Than A Feeling, Бостон
Alright, Суперграс
What a Wonderful World, Луис Армстронг
I Will Survive, Глорија Гејнор