За да се подготвите на време, но и за да можат децата да се вклучат во украсувањето, подготвивме за вас едноставни, а практични и убави идеи. Одберете ја најинтересната за вас, подгответе материјали и уживајте во креативното попладне со вашите деца.
Цвеќе во лушпи од јајца
Ставете цветчиња во лушпите и наредете ги врз зелена површина, може тоа да биде и онаа „слама“ која се продава токму за Велигден и врз која можете да ги наредите велигденските јајца.
Свеќи во лушпа од јајца
Лушпите можат да бидат супер за украсување на куќата. Ставете во нив свеќички како на фотографијата и ќе добиете супер ефект.
Цвеќе во кутиии за јајцаНе ги фрлајте кутиите од јајцата. Ова е еден од начините на кој можете да ги искористите. Ставете во нив чашки за ракија, во чапките ставете цвеќенца и – воала!
Зајчиња на саксиите
Овој пример е одличен и за обичните саксии. Можете едноставно да ги завиткате со хартија и да залепите зајче. После Велигден само ќе ја извадите хартијата.
Јајца од платно
Одличен украс кој можете да го правите заедно со децата. Исечете парченца од материјали во облик на јајца, залепете ги на картончиња и на дрвца за раженчиња и ќе добиете преубави украси за саксии.
Искористете ги шарените бонбони
Искористете ги шарените бонбони за да ја „зашарените“ куќата.
Хартиено јајце за влезната врата
Дизајнирајте го по желба заедно со децата.
[better-ads type='banner' banner='999' ]