До 2040. година 600 милиони деца ќе бидат жедни за вода  

Најсиромашните деца ќе бидат најпогодени од климатските промени со кои ќе се влошува актуелната криза за вода

0
72

Според извештајот на УНИЦЕФ објавен денеска, на Светскиот ден на водата, околу 600 милиони деца – или 1 од 4 деца во светот – до 2040 година ќе живеат во подрачја со екстремно ограничени водни ресурси

Извештајот Жедни за иднина: водата и децата во клима што се менува се занимава со заканите по животот и благосостојбата на децата предизвикани од намалените извори на безбедна вода за пиење и од начинот на кој климатските промени ќе ги интензивираат ваквите ризици во претстојните години.

 

„Водата е елементарна; без неа ништо не расте. Но, низ светот, милиони деца немаат пристап до безбедна вода – при што нивниот живот е во опасност, нивното здравје се поткопува, а нивната иднина се загрозува. Оваа криза само ќе се зголемува, ако не преземеме колективна акција сега“, рече извршниот директор на УНИЦЕФ Ентони Лејк.

Според извештајот, 36 земји во моментов се соочуваат со екстремно висок недостиг на вода, кој настапува кога побарувачката е далеку над достапното обновливо количество. Повисоките температури, порастот на нивото на морињата, големите поплави, сушите и топењето на мразот влијаат врз квалитетот и достапноста на водата, како и врз водоводните системи.

Порастот на населението, зголемувањето на потрошувачката и поголемата побарувачка на вода, што во голема мера се должат на индустријализацијата и урбанизацијата, ги исцрпуваат водните ресурси низ светот. Исто така, конфликтите во многу делови од светот го загрозуваат пристапот на децата до безбедна вода.

Сите овие фактори ги принудуваат децата да користат небезбедна вода, што ги изложува на потенцијално смртоносни болести како колера и дијареја. Многу деца од сушните области секојдневно со часови собираат вода, пропуштајќи ја шансата да одат на училиште. Девојчињата се особено подложни на напади во ова време.

Најсиромашните и најранливи деца ќе бидат најпогодени од зголемениот недостиг на вода, се вели во извештајот, бидејќи милиони од нив веќе живеат во подрачја со мал пристап до безбедна вода и санитација.

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]