Пет отсто попуст за добро воспитани деца

Еден италијански угостител нуди попуст од 5 отсто за семејствата чии деца ќе се однесуваат убаво за време на оброкот

0
181

Пет отсто попуст за убаво воспитани деца. Овој попуст функционира во еден локален вински бар во Падова, чијшто сопственик Антонио Ферари смислил паметен финансиски поттик за децата да постапуваат во согласностo во однесувањето кое се очекува од нив на јавни места.

Ако децата се тивки и не им пречат на другите луѓе во ресторанот, нивните родители добиваат попуст на сметката.

„Кога се родителите безобразни, децата мислат дека можат да направат се. Се качуваат по маси, прават неред со храната или ги нервираат другите гости“, рекол Ферари.

Идејата да понуди ваков вид на едукативен попуст ја добил откако едно неделно попладне присуствувал на „спектакл“ од ручек. Додека служел шест возрасни лица и пет деца, 40-годишниот угостител бил импресиониран што кога завршиле со својот оброк децата се погрижиле сами за себе и им дозволиле на родителите мирно да си го завршат оброкот. Сликата од сметката споделена на Твитер покажува заштеда од 13 евра. Како повратен комплимент, семејството оставило бакшиш од 30 евра.

Italija: Popust za lepo ponašanje dece u restoranu

 

[better-ads type='banner' banner='999' ]