Иако сме свесни дека многу работи не се здрави, сепак понекогаш, а особено кога децата послабо јадат, знаеме да им понудиме се и сешто. Но, децата се многу почувствителни на штетна храна од возрасните затоа што на децата не им требаат калории, туку добри нутриенти. Треба да имаме на ум дека секој нездрав меѓуоброк што сме им ги дале на нашите деца, го одземаат местото во нивниот желудник за здравите витамини кои им се потребни.
Газирани напитоци
Според нутриционистите, нема ништо полошо од газирани напитоци. Тоа што на шишињата пишува дека се без шеќер, диетални и слично, не мора да значи ништо. Иако, дури и ако ги занемариме тие големи лаги, сепак мора да знаеме дека газираните напитоци немаат во себе ниту трошка нутриенти.
Обични сокови
Најдобро е самите да им цедите сокови на своите деца. На оние купечките, без оглед на тоа што пишува дека не содржат шеќер, дека имаат 100 проценти овошје и тие и тие витамини, сите знаеме дека се далеку од природните и свежо исцедени домашни сокови. Нутриционистите предупредуваат дека дури ни цедените сокови во поголема количина не се добри. Тука настанува проблемот со преголемите количини витамини кои се пијат во многу краток рок па организмот на детето нема доволно сила брзо да ги свари. Затоа, кога бебето до шест месечна возраст е жедно, не се препорачува ништо освен мајчино млеко или замена за млеко, а во периодот од шест месеци до една година – вода. Дури и сите оние детски чаеви во себе имаат индустриски шеќер и реално, како што истакнуваат нутриционистите, на ниту едно бебе ненавикнато на слатко, тоа нема да им недостасува, а доволна количина витамини и природен шеќер сеако можат да добијат со порција овошје. Што се однесува до кравјото млеко, тоа се дозволува, според American Academy of Pediatrics (AAP) дури и се поттикнува, после првиот роденден. За почеток, полномасно млеко разредено со обична вода.
Крекери
Многу родители на децата како меѓуоброк, или за да ги смират додека ги шетаат во количка, им даваат крекери. Некои се трудат и прават здрави, домашни крекери, но повеќето сметаат дека не се лоши и купечките. Но не се – тие нема да ги задоволат нутритивните потреби на детето, а често ниту гладот, но ќе го заземат местото за вистинските здрави намирници.
Преработена храна
Колку се повеќе преработени, тоа помалку личат на оригиналот. Затоа готовата храна е далеку од јаболко и спанаќ кои сами ќе ги подготвиме. Секој сложен процес од намирниците ги одзема витамините, минералите, белковините и ги заменува со конзерванси и други адитиви кои ќе го задржат оброкот во тој облик долго на полиците. Затоа ако мислите дека fish fingeri се добра замена за вистинска риба или конзервираните сосови од свежиот домат, веројатно знаете дека не сте во право?
Гумени бонбони
Кој не сака гумени бонбони? Сме чуле дека желатинот во овие производи се добива од преработени животински коски и рскавици, што е во ред ако зборуваме за супа од телешки коски, но не и во гумени бонбони. Со нив детскиот организам добива само шеќер, вештачки бои и арома и ништо повеќе.