Дали мажите навистина не го слушаат плачењето на бебето ноќе?

Жените имаат развиен инстинкт заради кој силно реагираат на детското плачење, дури и ако не се мајки!

0
718

Многу исцрпени мајки се сомневаат дека нивните партнери се преправаат дека спијат додека детето плаче среде ноќ. Меѓутоа, најновото истражување покажува дека мажите навистина цврсто спијат.

Звуците што ги испуштаат бебињата мажите не ги слушаат, но затоа ги слушаат звуците на автомобилите, ветрот и здодевните муви. Научниците ја мереле активноста на потсвеста во текот на спиењето кај мажите и кај жените, а откриено е дека постои значајна разлика помеѓу половите. Жените имаат развиен мајчински инстинкт заради кој силно реагираат на детскиот плач дури и ако самите не се мајки. Откриено е и дека жените после прекинувањето на сонот потешко заспиваат од мажите.

„Ништо не ги чини луѓето толку депримирани како прекинатиот сон, особено кога тоа се случува неколку ноќи по ред. Затоа жените кои имаат мали бебиња можат да бидат во навистина лоша состојба, што не може да се каже и за нивните мажи“, објаснил психологот Дејвид Луис.

[better-ads type='banner' banner='999' ]