Тргни се мамо, сакам со тато

Прво грижливо го носевте девет месеци, го родивте, бдеевте над него, го доевте, го галевте и го пазевте, а тогаш дојде денот кога се најдовте во втор план и кога по цели денови слушате само: „бегај мамо, го сакам тато“!

0
531

Прво грижливо го носевте девет месеци, го родивте со болки, бдеевте над него, го доевте, го галевте и го пазевте, го држевте за раче кога требаше да прооди и плачевте кога првпат ви кажа мама. А тогаш дојде денот кога се најдовте во втор план и кога по цели денови слушате „го сакам тато“, тато и јас“, „татко ми ова, татко ми она“.
Мајките на кои им се случуваат вакви епизоди длабоко во себе знаат дека детето ги сака и дека им е приврзано, не чувствуваат љубомора кон партнерот, но сигурно им е криво што од централна личност во животот на детето паднале на „Не те сакам тебе, каде е татооооо“.

Како е да се биде трето тркало?

Не е лесно. Наеднаш непроспиените ноќи во кои на најмалиот плач го земавте детето, го стававте на гради за да го подоите и да го смирите, ви се чинат како време на најслатка идила. Потребите на детето во втората или во третата година се менуваат и стануваат покомплицирани. А кога детето има потреба да нема потреба од вас, тоа боли.
Предизвиците од ваквте преференци можат да бидат различни. Можеби детето сака уште поголемо внимание од вас, а можеби е и навистина во „тато“ фаза. Тато го фрла во воздух, тато си игра со него брканица, тато може да го поправи автомобилчето, прави најсмешни гримаси, тато е едноставно нај. Во секој случај, станува збор за фаза и кај девојчињата и кај момчињата која со сигурност ќе помине.

Кој е всушност тука дете?

Она што е поважно од причините за вакво однесување на детето, е како вие ќе се однесувате во оваа ситуација. Најверојатно ќе ги послушате желбите на детето, ќе се тргнете настрана и намрштено ќе гледате како се забавува со татко му. Но тоа не е најдобро решение.
Многу мајки ќе ви кажат дека сакаат кога детето „ќе се залепи“ за татко му, па тие можат да завршат некоја работа низ град или дома, односно, да имаат малку време за себе. Таквите мајки не го доживуваат „го сакам тато“ како удар на своето его, самодоверба или блискост со детето. Факт е дека детето во еден момент има подеднаква потреба од дружење и со мајката и со таткото, понекогаш повеќе со таткото илио повеќе со мајката. Така е во текот на целиот период на растење. Тоа не значи дека детето помалку ве сака или ве почитува. Пуштете го да ги изразува своите мисли, желби и чувства, а кога повторно ќе се залепи до вас кога тоа најмалку ќе го очекувате, ќе заборавите на вашата параноја.

[better-ads type='banner' banner='999' ]