Првата година од животот е најбурна за физичкиот развој на детето. Првото свртување, првото самостојно седење, ползење, подигање на ноџињата и на крајот, одење. Иако многу деца самостојно проодуваат после првиот односно, околу првиот роденден, самите подготовки за овој чин почнуваат многу порано – со првото кревање на нозе и првите чекори со придржување за мебелот или разни предмети.
Веќе со првото кревање и вродениот рефлекс на детето за потпирање на прстињата на нозете на цврста подлога, голем број родители одлучуваат дека е „време“ за одење со придржување. Под тоа се подразбира една голема грешка која ја прават голем број луѓе, а тоа е детето да се „учи“ да оди. Имено, децата не е потребно да се „учат“ да одат, затоа што тоа ќе го научат самите тогаш кога физички и психички ќе созреат за оваа активност.
Придржувањето на децата за раце додека ги „учиме“ да одат е голема грешка кога ја прават речиси сите луѓе. Секако, со најдобри намери затоа што смеаат дека е тоа единствен и вистински начин детето да прооди. Но главно се случува спротивното и така се забавува детскиот развој и системот за рамнотежа. А со ова на детето со невербална комуникација му се дава на знаење дека не е способно само да се крене на нозе и да ги направи првите чекори – без ничија помош. Значи, детето треба да се пушто самостојно да застане на нозе и да почне да оди кога ќе биде подготвено за тоа.
Сите моторички функции што детето спонтано ги усвојува зависат од зрелоста на централниот нервен систем, значи, кога е детето моторички зрело да усвои одредена активност тогаш и ќе ја изврши. Секое „учење“ на моторичките активности е попречување на нормалниот развој на моториката, а освен тоа, на детето му се ускратуваат важни фази во развојот.