Кога на бебињата им раснат првите запчиња, не само што им отекуваат непцата и ги болат, туку честопати е тоа придружено со диареја, а детето е плачливо, особено ноќе. Бидејќи сите деца минуваат низ овој период, постојат многу бабини испробани лекови кои го олеснуваат избивањето на запчињата и на децата им ја намалуваат болката, а на родителите им го враќаат мирниот сон. Еве го нашиот предлог.
Масажа со помош на шафран и мед
Ако непцата на детето се отечени и го болат, ќе помогне масажата со помош на овој мелем.
Состојки:
1 прстофат шафран
1 лажичка мед
Упатство:
Помешајте ги шафранот и медот и со врвот на прстот земете од смесата и нежно масирајте ги непцата на детето. Повторувајте ја масажата три пати дневно.