И го наплатиле допирот со бебето после породувањето

Болница во Америка во сметката која ја доставила до жената која тукушто се породила таму, и наплатила 39,35 долари под ставката: „контакт кожа на кожа после царски рез“

0
608

Жена со САД родила дете а веднаш по породувањето болницата и наплатила дополнителни 39,35 долари затоа што го зела своето синче во прегратки. Под фотографијата од сметката која ја објавил на Фејсбук новопечениот татко, тој објаснува дека не се лути поради ова на болницата и на целиот персонал кои биле исклучително професионални и дека намерата не му е да ја критикува болницата туку американскиот здравствен систем.

6„Во текот на царскиот рез сестрата ја праша мојата сопруга дали би сакала да го земе бебето и да го стави на себе веднаш што ќе се роди. Секако дека сакаше, секој би го сакал ова. Сестрата дури и го зеде мојот фотоапарат за да ни направи неколку заеднички фотографии и сите беа навистина прекрасни. Само се насмеавме денеска кога го видовме ова на сметката„, објаснува таткото.
Една бабица во коментарите под фотографијата објаснила зошто овој контакт на мајаката со новороденчето претставува дополнителен трошок за болницата.
„Не знаев дека болниците го наплатуваат тоа дополнително, но знам дека ставањето кожа на кожа на новороденчето и мајката бара присуство на дополнителен член од персоналот“.

[better-ads type='banner' banner='999' ]