Таткото на невестата Келси Грифит тргнал со својата ќерка до олтарот, а потоа го изненадил нејзиниот очув и го замолил да му помогне.
„Татко ми го изненади очувот барајќи од него да ни се придружи во прошетката до олтарот. Тоа го чувавме во тајност до почетокот на церемонијата, па сите беа изненадени“, напишала Келси во описот на овој симпатичен момент што го сподели на ТикТок.
На снимката се гледа Келси во венчаница како оди со татко ѝ кон олтарот. Во еден момент таткото застанува и му ја пружа раката на нејзиниот збунет очув Енди, кој седи меѓу гостите. Енди продолжува со нив, држејќи ја Келси под другата рака.
„Мојот очув ме одгледуваше од мојата деветта година и заслужи мало признание на денот на мојата венчавка. Ова беше љубезен и скромен гест и јас сум горда на мојот татко”, додала Келси.
@griffithk5 My dad surprised my step dad by including him in our walk down the aisle🤍 #theperfectday #fyp #wedding #dancingqueen