Студија спроведена од двајца социолози од германски универзитети, обработувала податоци за германски семејства во период од 2008 до 2018 година и опфатила повеќе од 10.000 луѓе.
Околу 20 проценти од возрасните деца доживеале период на отуѓување од таткото, што е повеќе од двојно во однос на мајката, каде што отуѓувањето е 9 проценти.
„Кога детето и родителот имаат контакти помалку од еднаш месечно и не се емотивно блиски, тогаш зборуваме за отуѓување“, вели еден од авторите на студијата, Оливер Аранц Бекер, професор на Универзитетот Хале-Витенберг (MLU).
„Контактот“ вклучува посети, писма, телефонски повици и повеќе, објаснува Аранц Бекер.
Причината зошто возрасни деца се двојно повеќе отуѓени од таткото отколку од мајката е тоа што „врските со мајката често се посилни отколку со татковците“, објаснува проф. Карстен Хенк од Универзитетот во Келн и додава дека тоа важи и за ќерките исто како и за синовите.
Ризикот од отуѓување се зголемува во семејствата каде што еден родител умира.
„Навистина е изненадувачки“, вели Аранц Бекер. „Некој би помислил дека врската со родителот кој сè уште е жив ќе се зацврсти по таков настан, но во повеќето случаи врската слабее.
Процентот на отуѓување се зголемува и во случај на развод на родителите, особено кога еден од родителите има друг партнер.
Ако односот на детето со новиот партнер на родителот е лош, тој или таа често се отуѓуваат и од биолошкиот родител, открија социолозите во студијата.
Студијата од Journal of Marriage and Family (Списание за брак и семејство), ја објавил National Council on Family Relations (Националниот совет за семејни односи) од Минеаполис, САД.
Фото: Pexels