Кога забременила на 18 години и дознала дека чека девојче, оваа млада малечка и витка мајка се надевала дека нејзината ќерка ќе ги наследи нејзините гени.
При раѓањето нејзиното бебе тежело 3,3 килограми, што е нешто помалку од американскиот просек. Но, на 14 месеци таа веќе носи облека наменета за тригодишни деца, а Кајла тврди дека не е дебела.
„За време на бременоста, мислев дека моето бебе ќе биде мало“, напишала таа во вирален предизвик на ТикТок, а потоа се снимила како држи огромно бебе во рацете.
„Нејзиниот татко е висок и голем, такашто е таа на него“, додава мајката Кајла.
Откако видеото станало вирално и собрало над 9 милиони прегледи, Кајла се нашла на удар на тролови кои ја нарекуваат насилник.
„Детето треба да се движи, ова е дебелина“, ѝ напишало едно лице.
Кајла тврди дека девојчето проодело на 10 месеци и дека е доста активно.
„Трча насекаде. Не се обидувајте да ми кажете што треба или што не треба да правам“, одговорила оваа мајка.
Некои отишле дотаму што ѝ се заканиле со социјалните служби.
„Разговарав со советничката за доење и таа вели дека се е во ред. Семејството на нејзиниот татко е големо, а јас сум мала, па таа изгледа многу поголема кога е покрај мене. Добро јаде и е здрава”, објаснила Кајла.
@thatmomkayla Her dads side is tall & big so ofc she’s just like them 😩 love her though #momsoftiktok #teenmom #bigbaby #toddler #youngmom
@thatmomkayla Seriously thank you guys so much for 25k 🥺 I love each & every one of you!! #teenmom