Дали е вашето дете надарено?

Родителите често се прашуваат дали нивното дете е „талентирано и надарено“, поради тоа што за овие поими нема конкретна дефиниција. Еве неколку работи по кои ќе препознаете дали е вашето дете едно од нив

0
318

Кога наставничките зборуваат за „надареност“, најчесто под тоа подразбираат напредни вештини во една област – па така едно дете може да биде талентирано за музика, но да научи да чита побавно од другите.
Во пониските одделенија, како оценка за способноста на едно дете се цени и способноста за учење, но и зрелоста. Вашето дете може да покажува вештини во неколку од следните области:
-Размислува апстрактно, ги сфаќа напредните математички и јазични концепти
-Може интензивно да се фокусира на една активност за подолг временски период
-Има богат речник и разбира зборови кои неговите врсници обично не ги користат.
– Лидер е и често организира групни активности со другите деца
– Покажува самодоверба во однос на своите постигнувања и идеи
– Креативно е, често раскажува или пишува приказни, црта и компонира песни
– Го разбира хуморот и користи досетки
-Претпочита да минува време со постари деца и со возрасни
-Разбира и извршува работни задачи кои се наменети за деца од повисоките одделенија
-Лесно меморира факти и може да ги искористи во идни ситуации.

[better-ads type='banner' banner='999' ]