Дали вашето дете ја гледа популарната „Игра со лигњи“?

Иако серијата е забранета за деца на возраст под 16 години, родителите едвај можат да ги спречат децата барем инкогнито да ги следат моментално најгледаните серии на стриминг платформата Нетфликс во дури 90 земји, чии ефекти врз децата се веќе видливи.

0
219

Мегапопуларната јужнокорејска серија на Netflix „Squid Game“ (Игра со лигњи) со недели е на листата на најгледани, а за рекордно време стана и најпопуларната серија во историјата на стриминг продукција. Меѓутоа, серијата, која следи стотици натпреварувачи оптоварени со долгови кои преземаат задачи за преживување за да освојат парична награда од околу 38 милиони долари играјќи традиционални корејски детски игри, колку што ја воодушеви јавноста, толку и ја згрози.

Бруталните сцени кои вклучуваат, меѓу другото, пукање во глава и отстранување на внатрешните органи, сите како последица од губење во детските игри, за жал, инспирираа некои деца кои дојдоа до слични идеи, па играјќи игри со врсниците почнале да покажуваат одредени форми на насилство.

На овој проблем е предупредено во Шведска, Велика Британија и Белгија, каде што некои училишта испратиле предупредувања до родителите дека им е потребна поголема контрола врз она што нивните деца го гледаат. Како што пишува Слободна Далмација, слични предупредувања се испраќаат деновиве на адреси на родители на деца од некои сплитски училишта.

Иако серијата е забранета за деца на возраст под 16 години, родителите едвај можат да ги спречат децата барем инкогнито да ги следат моментално најгледаните серии на стриминг платформата Нетфликс во дури 90 земји, чии ефекти врз децата се веќе видливи. За проблемот заради гледањето на серијата и последиците од тоа, загрепската специјалистка по клиничка психологија, проф. Тања Север од Психолошкиот центар Север од Загреб, која долги години се занимава со дијагностика, лекување и терапија на деца и младинци, предупредува: „Ако вашето дете ја гледа оваа серија, задолжително разговарајте со него, не чекајте“!

Родителот треба да разговара со детето

„Родителите и децата треба заедно да откријат зошто серијата е забранета за оваа возраст, особено ако децата се помлади од 16 години. Првиот чекор е родителите сами да гледаат една од епизодите за да видат за што се работи. Веднаш штом ќе забележите дека серијата е привлечна за вашето дете, барем еден од родителите треба да седне со него и заедно да гледа една од епизодите. Коментирајте, одговорете на прашањата на детето, упатете го на други извори на информации. Многу е важно критички да се погледне она што се гледа заедно“, објаснила проф. Тања Север додавајќи дека самите забрани, без аргументирано објаснување, обично нема да доведат до посакуваните резултати.

Исто така, таа споменала дека таква содржина постоела и сигурно ќе има во иднина, и најважно е да се воспостави доверба кај детето. „Треба да стигнете до нивото кога детето на појавата на што било слично, ќе дојде кај вас и ќе пријави  што гледа, велејќи буквално: Што е ова? Пак се повторува. Ова не е нереално да се постигне˝, објаснила Север и на крајот додала дека е важно родителот да реагира штом ќе забележи промени во однесувањето, бидејќи последиците, во најлош случај, може да бидат развој на агресија, нетрпеливост за прашањата од околината, раздразливост, манипулативност, автодеструктивност.

Важно е да се забележат промени кај детето

„Штом забележите дека детето станува грубо, пцуе – затоа што тие на некој начин го обликуваат она што го виделе – барем прашајте го: „Од каде ти е тоа? Што се случува? Не дозволувајте ова да трае три до седум дена. Често не се само хормоните виновни за сѐ“, заклучила Север.

Фото: Squid Game/Netflix

[better-ads type='banner' banner='999' ]