Родители и покрај контрацепцијата и вазектомијата

Мајка на пет деца Кејт Харман (39) забременила двапати додека пиела апчиња за контрацепција и родила уште едно бебе три години откако нејзиниот сопруг Ден направил вазектомија.

0
196

Оваа козметичарка од Бедфордшир не разбира како се случило сето тоа. Кејт Харман го зачнала своето прво дете, синот Чарли, пред 20 години додека пиела апчиња за контрацепција. Таа бременост ја припишала на лековите кои ги земала, а кои делуваат на ефективноста на контрацепцијата.

Потоа, ги родила синовите Алфи (14) и Стенли (8) и повторно почнала да ги пие апчињата. Лекарот ја уверил дека ова ќе биде безбеден метод за заштита од несакана бременост. Само шест месеци подоцна, таа забременила со малото девојче Лоти, кое сега има седум години.

„Бидејќи и нашата ќерка беше изненадување, реков дека повеќе нема да земам контрацепција. Мојот сопруг кажа дека ќе направи вазектомија“, изјавила Кејт за Кенеди Њуз и Медиа.

Во јули 2015 година тој го исполнил ветувањето и бил опериран.

„Сакаше да испрати примерок од сперма за да провери колку сперматозоиди има, но се премисли затоа што докторот му рече дека постапката е ефикасна 99,9 проценти“, додава таа.

И навистина, податоците од Клиниката Кливленд наведуваат дека вазектомијата е ефикасна во спречувањето на бременоста во 99,9 проценти од случаите. Сепак, Харманс спаѓаат во овие 0,01 проценти од случаите кога таа не функционира.

„Три до четири години подоцна, ми доцнеше менструацијата. Зедов тест за бременост и доживеав шок кога сфатив дека е позитивен. Двајцата се смеевме”, се сеќава Кејт.

Лекарите шпекулираат дека вазектомијата во случајот на Ден функционирала неколку години. Сепак, Кејт доживеала спонтан абортус, но чудесното зачнување ги инспирирало да се обидат повторно. Неколку недели подоцна, таа повторно била бремена со својот син Бади, кој сега има две години.

„Јас сум навистина мајчински тип, сакам бебиња и ми се допаѓа нашето големо семејство“, истакнува Кејт која се откажала од идејата да ја контролира иднината.

„И сите стерилизации не се сто проценти ефикасни. Нека биде она што треба да биде”, заклучила оваа мајка на пет деца.

Фото: Фејсбук

[better-ads type='banner' banner='999' ]