Што сѐ прават инфлуенсерките за гледаност, дури и со своите деца? (ВИДЕО)

Откако се најде на удар на критичарите затоа што го тераше својот син да глуми дека плаче за таа да го сними своето видео, мајка-инфлуенсерка го избриша својот канал на Јутјуб

0
172

Џордан Шајен, мајка јутјуберка која имала повеќе од 530.000 претплатници, го избриша својот канал откако се најде на удар на критичарите заради непромислен потег. Имено, во видеото со наслов „Ние сме со скршено срце“, таа му вели на својот син да се преправа дека плаче.

„Но, јас плачам“, возвраќа нејзиниот син Кристијан, со кого Шејн потоа позира.

Јасно е дека е ова сцена што таа заборавила да ја отстрани во монтажата пред да се објави видеото, па иако го избриша целиот свој канал, луѓето го преземале контроверзниот клип и го објавиле на Твитер.

Покрај Јутјуб, Шајен го отстранила и нејзиниот профил на Инстаграм.

„Луѓе, ова е вознемирувачко и тешко да се гледа“, коментира една жена на Твитер.
„Никогаш нема да ги разберам родителите кои ги покажуваат своите скршени деца преку Интернет. Треба да ги заштитиме. Овие деца од семејства кои снимаат видеа за сѐ, доживуваат насилство во училиште. Родителските канали не треба да постојат”, вели друг.

„Жал ми е за децата. Замислете ја терапијата што ќе им треба”, истакнува трето лице.

„Ова не е вознемирувачко, ова е одвратно и манипулативно, знак на нарцизам. Одеднаш престанува да плаче, а потоа го тера синот да се преправа дека е повеќе вознемирен отколку што е. Според мое мислење, тоа треба да го решат социјалните служби. Што друго го тера да прави зад камера … “, наведува четврт.

Еден ден по реакциите, Шајен се појавила на подкастот на Џошуа Барбур The Dad Challenge и рекла дека е ужасната од самата себе.

„Мојот син плачеше и тој плач беше многу искрен. Видеото требаше да биде последното нешто што ќе ми падне на ум тогаш и не можам ни да го гледам затоа што се тресам. Мислам дека е најдобро повеќе да не го вклучувам во моите содржини“, се покајала таа …

Во изјава за Daily Dot, Шајен вели дека ги отстранила профилите на социјалните мрежи бидејќи „ништо не ѝ е важно освен здравјето и благосостојбата на детето“.

„Јас сум згрозена и ужасната од она што го направив и нема оправдување за тоа. Страшно е на толку многу нивоа. Го сакам моето дете повеќе од сѐ и засекогаш ќе жалам за овој момент“.

Фото: Јутјуб скриншот

[better-ads type='banner' banner='999' ]