Кога фризерите ќе запеат, шишањето е полесно (ВИДЕО)

Шишањето може да е прилично стресно за малите деца. Така и ова мало момче кое се исплашило од шишањето, се смирува дури кога сите фризери во салонот ќе ја остават својата работа и ќе запеат.

0
59

Одењето на фризер може да изгледа прилично страшно за децата. Затоа малите деца во салони често плачат, исто како и момчето од виралното видео што кружи на Твитер.

Малиот Италијанец не може да ги задржи солзите кога го седнаа на фризерската столица, па за да го смират, сите фризери во салонот почнуваат да пеат.

„Беше многу нервозен заради шишањето, па сите пееја за да го смират“, е описот на снимката, која всушност датира од 2019 година, но неодамна повторно стана хит.

 

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]