Пет митови за одвикнување од пелени во кои родителите не треба да веруваат

Не е важно дали детето ќе користи тоалетна шолја или нокшир, но се препорачува нокширот да се чува во бањата, наместо да се учи детето дека е добро да се врши нужда во секоја просторија во куќата.

0
114

Вашето бебе се одвикнува од пелени? Тоа е една од главните пресвртници за родителите и децата, која често се смета како еден од најголемите предизвици. И во овој процес воопшто не помагаат многуте информации од кои повеќето се неточни.

Кирсти Кетли, мајка на две деца и советник за родители, ги открива за The Sun пет митовите за одвикнување на пелени кои родителите треба да ги игнорираат.

Мит 1: Постои оптимална возраст кога детето ќе биде подготвено за овој чекор

Можеби сте прочитале дека бебето мора да има точно две години и три месеци додека не стане подготвено да ја симне пелената. Не, вашето дете ќе биде подготвено кога ќе биде подготвено. Обично е на возраст од 2 до 3 години, но може да се случи порано или подоцна.

Покрај тоа што детето треба да биде физички подготвено за овој важен чекор, мора да биде и емоционално подготвено, за што е обично потребно подолго време.

Знаци дека детето е подготвено да научи да ги извршува своите потреби во тоалет се подолго време сувата пелена, можеби сами изразуваат желба самостојно да користат тоалет или нокшир, сигурни се и независни во други работи.

Би било корисно детето само да знае како да ги облече и соблече гаќите и да биде свесно за тоалетот и за она што се случува на него и во него.

Мит 2: Момчињата потешко се тренираат отколку девојчињата
Ова е изјава што често може да се слушне, но полот не прави разлика. Не е точно дека едниот пол е подобар од другиот.

Мит 3: Подобро е да се одвикне бебе од пелени во лето отколку во зима
Ако детето е подготвено, не е важно дали е лето или зима. Родителите мора да складираат резерви од долна облека и стари крпи за бришење на подот во случај да се случи незгода на несоодветно место.

Мит 4: Ноќната пелена мора да биде сува
На децата може да им се случи да се измочаат во кревет до осумгодишна возраст, така што сувата пелена не е предуслов за одвикнување. Ограничувањето на пиењето еден час пред спиење може да помогне. Некои деца имаат сува пелена цела ноќ, но ја користат веднаш штом ќе се разбудат. Ако вашето дете има повеќе од осум години и се уште мочка во кревет, посетете лекар и побарајте помош и совет.

Мит 5: Децата треба да користат тоалет, а не нокшир
Некои деца, особено оние со постари браќа и сестри, претпочитаат да користат тоалет од самиот почеток. Ова не треба да се обесхрабрува, но исто така е во ред да се користи и нокшир додека не се воспостави навиката. Ако вашето дете претпочита да седи на нокшир, во ред е.

Сепак, Кетли препорачува да се чува нокширот во бањата, наместо да се учи детето дека е добро да се врши нужда во секоја просторија во куќата.

Фото: Pixabay

[better-ads type='banner' banner='999' ]