Компанија тврди дека го преведува детскиот плач и открива аутизам кај новороденчиња

Швајцарска компанија тврди дека може да го преведе она што го велат бебињата кога плачат и дека овие преводи можат да откријат аутизам, пишува Инсајдер.

0
145

Сакате да знаете што всушност значи „гу-гу-га-га“? Зоундрим (Zoundream)  верува дека може да ви го каже тоа. Швајцарската компанија тврди дека може да го преведе она што го велат бебињата кога плачат и дека овие преводи можат да откријат аутизам, пишува Инсајдер.

Откако го родила своето прво дете во 2016 година, научничката Ана Лагуна имала намера да го преведе плачот на нејзиното новороденче. Откако нашла неколку ресурси што би можеле да ѝ помогнат да го протолкува плачењето, таа одлучила да ги сними и сама да најде примероци. Сфаќајќи дека нашла дупка на пазарот за родители, оваа 33-годишна девојка го претворила својот проект во компанија и така се родила Зоаундрим.

„Многу проекти се создаваат по грешка или заради потреба. Мојот е еден од овие последните”, изјавила Лагуна за Инсајдер.

Основата на компанијата и нејзиниот софтвер се илјадници часови плачење на бебето анализирани со помош на систем за мерење на бучава. По проучувањето на плачењето на бебето, Лагуна и нејзиниот тим создале систем за квалификација на плачењето на бебето, поделен на: глад, болка, грчеви и желба за блискост. Неверојатно, но и покрај големата разновидност на јазици што се зборуваат низ целиот свет, сите новороденчиња имаат еден универзален јазик, а Лагуна открила дека, на пример, германските бебиња може да звучат малку поинаку од американските, но ги изразуваат истите чувства.

Зоундрим собрал нешто помалку од милион долари за својот развој. Позитивните повратни информации ја натерале Лагуна да го прошири бизнисот на компанијата не само за да го преведе плачот, туку и за рана дијагноза на аутизам.

„Плачењето на дете со спектар на аутизам е многу карактеристично, многу засипнато. Ова јасно се гледа на спектрограмот”, тврди Лагуна.

„Аутизмот може да се открие на возраст од две до четири години. Замислете го подобрувањето на резултатите кога тој може да се утврди веќе на возраст од шест месеци”, заклучила таа.

Фото: Unsplash

[better-ads type='banner' banner='999' ]